Ноќта помеѓу 6 и 7 мај, Индија испука ракети врз пакистански локации каде што наводно се држат членови на џихадистичка група осомничена за извршување на нападот во Пахалгам на 22 април во индиски Кашмир, во кој загинаа 26 лица. Пакистан, кој негира одговорност за нападот, веднаш одговори
Индија и Пакистан се обвинија меѓусебно денеска дека не го контролираат своето нуклеарно оружје и ја повикаа меѓународната заедница да го истражи и следи нуклеарниот арсенал на соседната земја, неколку дена по најсериозниот воен конфликт меѓу двете земји во последните децении околу Кашмир.

Нуклеарниот арсенал на Пакистан треба да биде ставен под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), изјави индискиот министер за одбрана Раџнат Синг за време на посетата на војниците во индиски Кашмир.
„Сакам да му поставам прашање на целиот свет. Дали нуклеарното оружје е безбедно кога е во рацете на неконтролирана и неодговорна нација?“,
рече тој.
Пакистан ја осуди неговата изјава, додавајќи дека МААЕ и меѓународната заедница треба да бидат загрижени за повторените кражби и инциденти поврзани со шверц на нуклеарен и радиоактивен материјал во Индија.
Министерството за надворешни работи во Исламабад потсети на инциденти за кои рече дека се случиле во 2021 година и што, како што оцени, укажувале на постоење на црн пазар за чувствителни материјали со двојна намена во Индија. Оттаму повикаа на темелна истрага за проблемот.
Ноќта помеѓу 6 и 7 мај, Индија испука ракети врз пакистански локации каде што наводно се држат членови на џихадистичка група осомничена за извршување на нападот во Пахалгам на 22 април во индиски Кашмир, во кој загинаа 26 лица. Пакистан, кој негира одговорност за нападот, веднаш одговори.
Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата објави дека двете страни постигнале договор за моментален прекин на огнот. Трамп изрази задоволство што спречи нуклеарна војна во која ќе загинеа милиони луѓе.