Единаесет од жртвите починале на самото место, веднаш по падот во бунарот, а двајца им подлегнале на повредите откако биле однесени во болница
Тринаесет лица загинаа откако паднаа во бунар за време на свадбена прослава во северна Индија, во државата Утар Прадеш, пренесува Си-ен-ен.
Трагедијата се случила кога жртвите, сите жени и деца, седеле на метален лим што го покривал бунарот, гледајќи ја церемонијата „халди“, еден од многуте ритуали кои се дел од хинду-венчавка, за време на која се става куркума на лицето на невестата или на младоженецот.
Единаесет од жртвите починале на самото место, а двајца им подлегнале на повредите откако биле однесени во болница. Според тамошната полиција, две лица се повредени.
„Окружната администрација ќе направи сè што може за да им помогне на повредените, како и на семејствата на починатите“,
изјави премиерот Нарендра Моди, кој ги нарече несреќните случаи „потресни“.