На денешното заокружување на проектот „Мобилен систем за снимање со камери“, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна оти полицијата е постојано на терен и во контрола, а бројот на жртви во сообраќајот е значително намален од моментот кога тој раководи со МВР
Имаме сериозно намалување на бројот на жртви во сообраќајот. Во 2013 година имавме 198 жртви, 2021 имаме 111 жртви. Тоа е благодарение на посветеноста и на работата или ако сакате од моментот додека јас раководам со МВР, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешниот настан со Амбасадата на САД на заокружувањето на проектот ,,Мобилен систем за снимање со камери“.
„Гледате колку се подобрени резултатите со тоа што колегите се нонстоп на патиштата и нонстоп во контрола. Имаме сериозно намалување на бројот на жртви во сообраќајот. Во 2013 имавме 198 жртви, 2021 имаме 111 жртви. Тоа е благодарение на посветеноста и на работата или ако сакате од моментот додека јас раководам со МВР. Од 2016 година до денеска, имаме постојан пад на жртвите во сообраќајот, намалувањето на тешки телесни повреди, на сериозни штети итн. Ова е комплексен проблем. Мора и образовниот систем да преземе дел од одговорноста затоа што сообраќајната култура се стекнува од мали нозе, меѓутоа наше е да направиме се за да го подобриме тој систем на безбедност на патиштата“,
посочи Спасовски.
Проектот „Мобилен систем за снимање со камери“ опфаќа поставени камери на полициските службеници што вршат контрола и регулирање на сообраќајот, донација вредна еден милион и 61 илјада американски долари од Владата на САД.
Спасовски истакна дека примената на овој систем е од 2016 година кога првично биле набавени 17 камери, по што „продолживме во континуитет со опремување на единиците за сообраќај ширум земјава“.

„Мобилниот систем за снимање значи целосно опремување со вкупно 593 камери на сите сектори за внатрешни работи, односно на единиците за безбедност на сообраќајот и Одделот за гранични работи, фундиран врз исто така веќе воспоставената информационо-софтверска инфраструктура за нивно непречено и квалитетно работење преку многубројни обуки и стручни едукации на полициските службеници“,
потенцира министерот Спасовски.