Зеленски додаде дека ситуацијата останува тешка во регионите Харков, Суми, Полтава, Днепропетровск и Чернигов
Околу 1 000 станбени згради и натаму се без греење во Киев, каде што работниците за поправка се исцрпени, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Во моментот само во Киев работат повеќе од 200 екипи, а според Министерството за енергетика нивниот број ќе се зголеми за да се обезбеди ротација на работниците. Луѓето се исцрпени“,
напиша Зеленски на социјалните мрежи по состанокот за ситуацијата во енергетскиот сектор кој вчера беше силно погоден во руското бомбардирање.
Зеленски додаде дека ситуацијата останува тешка во регионите Харков, Суми, Полтава, Днепропетровск и Чернигов.
Украинската премиерка Јулија Свириденко на Телеграм објави дека енергетскиот сектор на Украина бил цел на 217 руски напади од почетокот на годината.
