Помладите повеќе се заразуваат, процентот на смртност е поголем кај повозрасните
Бројот на заразени со коронавирус минатата недела (од 12 до 18 октомври) се зголемил за 19,3 проценти во споредба со неделата претходно, покажува анализата на Институтот за јавно здравје.
Новите позитивни случаи се од 34 града, најголем број од Скопје.
Во однос на бројот на позитивни од бројот на тестирани, процентот е 20,3% во споредба со минатата недела, кога тој беше 17,2.
Помладите повеќе се заразуваат, процентот на смртност е поголем кај повозрасните
Заболените се од сите возрасни групи, но најголем број – 20,9% се од 30 до 39 години, потоа од 40 до 49 (19,5%), од 20 до 29 (17,6%), над 60 (17,5%) и 50-59 (16,6%). Најмал број на заразени е кај децата од 0 до 9 години (3,0%).
Во изминатата недела се регистрирани и 49 смртни случаи во 16 града, и тоа е зголемување од 58,1% во однос на минатата недела, кога имаше 31 смртен случај од 15 града.
Во однос на возраста, 38 лица биле над 60 години, 9 лица на возраст од 50 до 59 години и 2 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години. Од починатите, 35 лица биле со други хронични болести.
Како се заразиле
Епидемиолошките анкети покажуваат дека од вкупниот број на нови случаи, 470 ( 35,9%) се заразиле преку со потврден случај, додека 26 (2,0%) се поврзуваат со патување во последни 14 дена.
Од 12 до 18 октомври тестирани се вкупно 13 213 материјали, при што регистрирани се 2 676 нови позитивни случаи.
Минатата недела овие бројки се речиси идентични – биле направени вкупно 13 028 теста, а од нив позитивни биле 2 243.