Во периодот од 2010 до 2024 година, кај мажите најчеста причина за смрт од малигни неоплазми е на бронх и бел дроб, додека кај жените тоа било на дојка

Малигните неоплазми, по болестите на циркулаторниот систем, се втората најчеста причина за смрт во земјава. Во извештајот од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се наведува дека во периодот од 2010 до 2024 година стапката на морталитет се движеле од 180,3 на 100 000 население во 2010 година до 217 во 2024.
Стапката на морталитет од малигните неоплазми, како што велат од ИЈЗ, кај мажите била повисока отколку кај жените.
„Во периодот 2010-2024 година, стапката на морталитет од малигни неоплазми на возраст над 65 години осцилира и се движи од 881,1 во 2010 година до 821,3 во 2024 година на 100 000 население“,
пишува во извештајот.
Кај популацијата над 65 години мажите се најзасегната категорија, додека во групата од 0-64 години смртноста е значително пониска отколку кај постарите, но и тука мажите почесто ги губат животите.
Во периодот од 2010 до 2024 година, кај мажите најчеста причина за смрт од малигни неоплазми е на бронх и бел дроб, додека кај жените тоа било на дојка.
