Москва објави санкции за 313 граѓани на Канада, меѓу кои и кандаските премиер и министри за надворешни работи и за одбрана
Како одговор на канадските санкции, Русија состави „црна листа на 313 канадски граѓани“, меѓу кои премиерот Џастин Трудо и министрите за надворешни работи и за одбрана Мелани Џоли и Анита Анан, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
„Како одговор на новите санкции наметнати од официјална Отава, Русија од денеска, 15 март, ја дополнува својата листа на луѓе кои имаат забрана за влез во земјата со премиерот Џастин Трудо, министрите за надворешни работи и одбрана Мелани Џоли и Анита Анан“,
се наведува во соопштението.
Како што се додава, руската црна листа го вклучува „мнозинство членови на Долниот дом на канадскиот парламент“.
Руското МНР соопшти претходно дека му се воведени санкции на американскиот претседател Џо Бајден, како и на државниот секретар на САД Ентони Блинкен. На удар на руските санкции се најде и Хилари Клинтон.