Премиерот Заев се заблагодарил за поддршката од Тимерманс за почеток на пристапните разговори со Северна Македонија и додаде дека тоа прашање не трпи одлагање
Силна поддршка за почеток на преговорите и честитки за Северна Македонија за лидерството во вложувањата во обновливи извори на енергија, е исходот од денешната средба на премиерот Зоран Заев и членовите на македонската делегација, вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи со извршниот потпретседател на Европската комисија Франс Тимерманс во Брисел.

Премиерот Заев се заблагодарил за поддршката од Тимерманс за почеток на пристапните разговори со Северна Македонија и додаде дека тоа прашање не трпи одлагање.
Исто така, според владината служба, соговорниците на состанокот се согласиле дека во овој процес не треба да има одвојување на С Македонија и Албанија.
