Нов Јужен Велс, австралиската држава во која се наоѓа Сиднеј, потврди рекордни 1 039 случаи на инфекција во изминатите 24 часа
Повеќе од 15 000 луѓе се заразени во Сиднеј од средината на јуни, а инфекцијата се прошири во помалите градови, поради што мерките против коронавирусот се повторно воведени
Австралија денеска регистрираше повеќе од 1 000 луѓе заразени со коронавирус, првпат од почетокот на епидемијата и тоа поради ширењето на делта-сојот.
Нов Јужен Велс, австралиската држава во која се наоѓа Сиднеј, потврди рекордни 1 039 случаи на инфекција во изминатите 24 часа.
Повеќе од 15 000 луѓе се заразени во Сиднеј од средината на јуни, а инфекцијата се прошири во помалите градови, поради што мерките против коронавирусот се повторно воведени.
Во Мелбурн, кој се наоѓа во државата Викторија, денеска се регистрирани 80 заразени лица.
Околу 25 милиони жители на Австралија моментно се наоѓаат во карантин, а граѓаните на Сиднеј не ги напуштаат своите домови повеќе од два месеца.
Австралискиот премиер Скот Морисон навести дека ќе ги укине ограничувањата кога нема нови случаи на инфекција, велејќи дека блокадите „за жал се потребни засега“, но „тие нема да бидат потребни долго време“. Тој рече дека австралиската Влада има намера да го префрли фокусот од намалување на бројот на случаи на испитување колку луѓе сериозно се разболеле и колку од нив имале потреба од болничко лекување.
