Португалија размислува за признавање на палестинската држава, како дел од постапката што би можела да се заклучи за време на Генерално собрание на Обединетите нации, што ќе се одржи во Њујорк во септември,соопшти португалскиот премиер Луис Монтенегро

Португалската влада ќе се консултира со претседателот и парламентот во врска со прашањето за признавање на Палестина како држава во Обединетите Нации во септември, соопшти канцеларијата на премиерот Луис Монтенегро.
„Португалија размислува за признавање на палестинската држава, како дел од постапката што би можела да се заклучи за време на Генерално собрание на Обединетите нации, што ќе се одржи во Њујорк во септември“,
се вели во соопштението.
Најава за можно признавање на државата Палестина на состанокот на ОН во септември денеска стигна и од Канада, вршејќи притисок врз Израел бидејќи гладот во Газа се влошува.
Ваквите потези од страна на некои од најблиските сојузници на Израел го одразуваат растечкиот меѓународен гнев поради ограничувањата наметнати од Израел за храна и друга помош за Газа, како и за тешката хуманитарна криза таму.
Франција минатата недела објави дека ќе признае палестинска држава, а еден ден подоцна Велика Британија изјави дека ќе го стори тоа на Генералното собрание на ОН во септември доколку дотогаш нема прекин на огнот во Појасот Газа.
Палестина е држава набљудувач, но нема полноправно членство во Генералното собрание на ОН од 2012 година. Таа е признаена од повеќе од три четвртини од 193-те земји членки на собранието.