По долг период на карантин во Сиднеј, Мелбурн и други области, австралиските власти најавија дека од утре повторно ќе ги отворат внатрешните и надворешните граници
Австралија ќе продолжи да ги олеснува мерките против коронавирусот пред Божиќ, и покрај дополнителното зголемување на бројот на заразени, соопштија властите.
Државата Нов Јужен Велс, каде што се наоѓа Сиднеј, од 2 октомври забележала повеќе од 800 нови случаи на инфекција, особено поради собирите организирани како дел од прославата на крајот на годината.
Властите велат дека тоа нема да го спречи укинувањето на одредени мерки, како што се носење маски на јавни места или забрана на невакцинирани лица да посетуваат во барови, ресторани и други места за забава.
„Одлучивме да живееме со вирусот. Божиќ што сега ќе го славиме е подарок што Австралијците си го дадоа себеси, благодарение на начинот на кој работеа заедно и мерките што ги спроведовме“,
рече австралискиот премиер Скот Морисон.
По долг период на карантин во Сиднеј, Мелбурн и други области, австралиските власти најавија дека од утре повторно ќе ги отворат внатрешните и надворешните граници. Во Австралија, 93 отсто од населението примиле најмалку една доза од вакцината против коронавирус, додека 89 отсто биле целосно вакцинирани.
Во земјата се регистрирани 85 случаи на инфекција со новата варијанта на коронавирусот, омикрон.
Од почетокот на епидемијата на коронавирус, во Австралија со 25 милиони жители, досега се заразени 230 000 луѓе, од кои 2 113 починале.