Регистриран е 2.581 нов случај, од кои 673 се во Солун и 582 во областа Атика
Во Грција денеска е регистриран нов негативен рекорд на смртни случаи од ковид-19 на дневно ниво, со починати 72 лица, јави МИА од Атина.
Дополнително е зголемен и бројот на пациенти приклучени на апарати, 519 лица, односно 20 повеќе од вчера.
Намален, во споредба со вчера, е бројот на новозаразени. Регистриран е 2.581 нов случај, од кои 673 се во Солун и 582 во областа Атика, поширокиот регион на Атина.
На денешната редовна прес конференција за ковид-19 во Министерството за здравство на Грција, професорката епидемиолог и член на надлежната комисија Вана Папаевагелу рече дека во изминатата седмица се забележува мало, но стабилно зголемување на просечната возраст на новите случаи, што изнесува околу 45 години.
„Мислам дека вреди да се коментира и предизвикува загриженост тоа што нема јасно намалување на епидемиолошкиот бран, три седмици по карантинот во северна Грција и две седмици по спроведувањето на хоризонталните мерки низ цела земја“,
рече Папаевангелу.
Во Грција, од почетокот на епидемијата се регистрирани вкупно 87.812 лица заразени со коронавирусот, а починаа 1.419 лица.