Американскиот министер за здравство и социјални услуги Алекс Азар синоќа поднесе оставка, оценувајќи дека минатонеделниот напад врз Конгресот бил напад врз демократијата и оти „би можел да го оцрни наследството на администарцијата“ на Трамп.

Азар во оставката поднесена на 12 јануари до претседателот во заминување Доналд Трамп ги наведува и успесите на администрацијата, меѓу кои и брзиот развој на вакцина и терапија против ковид-19.
Тој изрази загриженост и поради неоснованите тврдања на Трамп за изборна измама на претседателските избори.
„Нападите врз Капитол беа напади врз нашата демократија и врз традицијата за мирен пренос на власта“,
наведе Азар во оставката.
Тој ќе остане на функцијата до стапување на должност на новиот американски претседател Џо Бајден.
Пред една недела оставка поднесе министерката за транспорт Елејн Чао, ден по нападите на Конгресот.