И министерот за образование и наука Арбер Адеми објави дека го направил првиот тест за присуство на вирусот ковид-19 и резултатот бил негативен.
„Ви благодарам на сите за поддршката, во исто време им посакувам брзо закрепнување на сите оние што се соочуваат со овој вирус. Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат правилата, да останат дома, да внимаваат на хигиената и да одржуваат меѓусебно растојание од 2 метри“,
напиша Адеми.
Претходно и вицепремиерот Бујар Османи објави дека е негативен на првиот тест за новиот коронавирус.
Двајцата заедно со премиерот Оливер Спасовски и министерот Венко Филипче завршија во самоизолација откако присуствуваа на состанок во Куманово на кој беше и градоначалникот Максим Димитриевски, за кој еден ден подоцна пристигнаа резултати дека е заразен со новиот коронавирус.