Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, е уште еден од низата функционери и политичари од земјава кои го осудија упадот на приврзаниците на Доналд Трамп во зградата на Конгресот со цел да се спречи верификација на победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД. Притоа, Милошоски прави споредба со упадот на демонстрантите во македонското Собрание за време на изборот на Талат Џафери за спикер на 27 април 2017 година.
„САД се држава која не верувам дека би си дозволила оној што ги отворил вратите на Конгресот, како Крсто Мукоски во Македонија, да биде амнестиран од власта и судот. Во Македонија токму извршителот што ги отвори вратите за насилството на 27 април беше амнестиран, а потоа стана и сојузник на Владата и беше богато наградуван со милионски тендери за семејната фирма, со што се испрати порака дека доколку си послушен џубокс-пратеник, како Мукоски, насилството се исплати и финансиски и политички. Бонус за ‘вратарот на насилството’ во Македонија беше моментот кога тој како дел од државната делегација во 2019-та беше на аудиенција кај папата Франциск, со што актуелната власт на Мукоски му организираше и еден вид морално помилување среде Ватикан“,
напиша Милошоски на Фејсбук.
Тој повикува на правна разрешница на немилите настани од Вашингтон.
„Ова ќе биде првиот предизвик за новоизбраниот претседател Бајден
пишува Милошоски.![]()
“,

Паралела со акцент на разликите меѓу упадот во Конгресот на САД и 27 април во македонскиот парламент вчера направи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Полицијата не дозволи да биде нападнат ниту еден член на Конгресот, огромно мнозинство на Републиканската партија се спротивстави на насилството. Пенс, и покрај големите притисоци од Трамп, остана цврст и го обезбеди трансферот на власт, истакна министерката, која беше нападната во македонското Собрание.
Упадот во Капитол Хил во кој животите ги изгубија пет луѓе го осуди државниот и политичкиот врв во С Македонија. И премиерот Зоран Заев и опозициската ВМРО-ДПМНЕ сцените од Вашингтон ги нарекоа загрижувачки и го осудија насилството.