Одлуката, која оди над препораката на Комисијата за заразни болести, е донесена претпладнето на седница на Главниот координативен штаб и засега ќе важи до 31 декември
Македонија се придружи кон листата држави кои воведоа забрани за авионски летови од и до Велика Британија по појавата на нова мутација на коронавирусот, дознава „360 степени“. Одлуката е донесена претпладнето на седница на Главниот координативен штаб.
Забраната засега ќе важи до 31 декември.
Компанијата „Визер“ има редовна авионска линија на релација Скопје-Лондон-Скопје, а следниот лет беше на распоредот веќе утре.
Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок предложи 14 дена самоизолација за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија, но Главниот координативен штаб отиде еден чекор понатаму и ги забрани летовите во следните десет дена.