И судијакта Добрила Кацарска, реагираше на спотовите во изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, каде се споменува нејзиното име и смета дека партијата го злоупотребува нејзиното името
Во изјава за порталот „Фактор“ таа потенцира дека партиите добиваат државни пари за да ја рекламираат својата програма и својата кандидатура, а со оглед дека таа не е кандидат за пратеник, смета дека Христијан Мицкоски и неговата партија ги злоупотребуваат парите на даночните обврзници.

„Посебно овде би нагласила дека мојата работа е позитивно оценета од Стејт Департментот, Европската унија и ОБСЕ… Со ваква кампања Мицкоски покажува дека не е за борба против организираниот криминал и корупцијата, па можеби тој како кандидат за премиер, пушта јасна порака дека ќе го штити криминалот и корупцијата“,
вели Кацарска во цел од изјавата за „Фактор“.
Покрај Кацарска, и името на обвинителката Вилма Русковска се споменува во спотовите на ВМРО-ДПМНЕ. Таа вчера им пратила опомена пред тужба за клевета.
Во последниот спот со наслов „Одбери обнова“, кој вчера беше објавен на профилот на Христијан Мицкоски, ликовите и на Кацарска и на Русковска се појавуваат заедно.