Новите мерки би биле во сила до 10 јануари
Австриската влада ги разгледува опциите за ново – трето целосно заклучување поради пандемијата на новиот коронавирус.
Новите рестрикциски мерки, како што јавуваат медиумите, повикувајќи се на информации од владата во Виена, ќе стапат во сила од 26 декември и ќе траат до 10 јануари.
Министерството за здравство посочува дека работат на нова регулатива за периодот по Божик.
Најавените мерки, слични како неодамнешните, предвидуваат затворање на училишта и градинки, кои секако се на распуст во овој период, како и маркети, освен продавници за храна и аптеки.
Ќе се забрани и работа во услужните дејности, а хотелиерството останува затворено.
Покрај тоа, ќе биде во сила целодневен полициски час, со исклучок на одење на пазарување, помагање на други лица, одење на лекар или прошетка поради ментална и физичка состојба.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц попладнево ќе разговара со членовите на владата и со гувернерите на австриските покраини за новата уредба, која треба да биде усвоена во парламентот следната недела.
