Благодатниот оган од Ерусалим пристигна во С Македонија.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски го презема Светиот благодатен оган од Меѓународниот аеродром во Атина. Грчка државна делегација, претходно, го донесе светиот оган од Ерусалим, каде што на Велика Сабота се симнува во Христовиот гроб, а потоа се носи ширум светот.
Сотировски светиот оган му го предаде на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан во резиденцијалниот манастир „Св. Георгиј Победоносец“, во присуство на на свештеници од епархиите кои потоа го носат низ градовите низ државата.
