Во текот на ноќта 145 пожарникари и 45 возила активно го обезбедувале опожарениот простор, со што спречиле негово ширење кон објектите

Пожарот на хрватскиот остров Чиово сè уште не е изгаснат, но утринава состојбата е многу поповолна од вчера, објави Хрватската противпожарна бригада.
Уште има пламени јазици и чад, а во текот на ноќта 145 пожарникари и 45 возила активно го обезбедувале опожарениот простор.
И покрај тоа што силниот ветер го отежнувал гаснењето, пожарникарите вчера попладнето и ноќта успеале да спречат негово ширење, па немало опасност за објектите.
Според проценките, опожарени се околу 450 хектари трева и ниска вегетација.
Големиот пожар во островот Чиово избувна вчера попладне, а пожарникарите се жалеа дека ветрот го отежнува гаснењето.