Според видеото, Дабро седи на совозачкото седиште во автомобилот, а е облечен во лежерна летна облека. Поради тоа, хрватските медиуми претпоставуваат дека видеото е снимено во летниот период. Во позадина се слуша народна музика
Хрватските медиуми објавија видео, кое истовремено се споделува и на социјалните мрежи на кое се гледа како тамошниот вицепремиер и министер за земјоделство, шумарство и рибарство, Јосип Дабро, додека се вози со автомобил пука од пиштол низ отворениот прозорец, пренесува хрватски „Индекс“.
Хрватската Владата го оцени ова однесување на вицепремиерот како непримерен и неодговорен чин, додавајќи дека со него ќе биде извршен разговор, како и дека надлежните органи ќе ги преземат сите дејствија за утврдување на околностите на настанот од видеото.
Опозициските претставници сметаат дека министерот Дабро треба да поднесе оставка.
По објавувањето на видеото, Дабро се извини, изразувајќи жалење, а посочи и дека видеото е старо и е снимено за приватни цели.
Според видеото, Дабро седи на совозачкото седиште во автомобилот, а е облечен во лежерна летна облека. Поради тоа, хрватските медиуми претпоставуваат дека видеото е снимено во летниот период. Во позадина се слуша народна музика.
„Индекс.хр“ пишува и дека се претпоставува дека пукал во близина на населено место, зашто низ прозорецот се гледа улично осветлување, а во еден момент се гледа и куќа.
Видеото можете да го погледнете тука.