Во Загреб повторно се регистрирани 28 нови случаи на коронавирус и од вчера е задолжително носењето маска во јавен превоз. Звонимир Шостар, раководител на Заводот за јавно здравје, најави и воведување нови мерки за заштита од коронавирусот.
„Нема да има затворање, но ќе мора да посегнеме по дополнителни мерки на заштита бидејќи бројот на заразени расте“,
вели Шостар.
Хрватска вчера донесе одлука да воведе двонеделна самоизолација граѓаните што влегуваат во земјата од Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и од Косово.
„Овие луѓе ќе бидат обврзани да поминат 14 дена во самоизолација. Обврската не се однесува на оние што транзитираат низ овие земји“,
рече министерот за внатрешни работи и шеф на Штабот за цивилна заштита Давор Божиновиќ на вонредна прес-конференција.
