Претходно денеска хрватските медиуми, повикувајќи се на неофицијални информации, објавија дека денеска има повеќе од 4 400 новозаразени, што е значително зголемување во однос на претходниот ден, кога имаше 3 360, а во вторникот пред две недели имаше само 1 007 позитивни на коронавирусот
Според денешниот број на новозаразени со коронавирус во Хрватска, кој надминува 4 500, здравствените власти очекуваат дека бројот на починати во 24 часа ќе биде 45 или 46 лица, изјави денеска заменик-директорката на Хрватскиот завод за јавно здравје, Ивана Павиќ-Шиметин. Таа за хрватскиот портал „Индекс“ вели дека секој стоти човек умира од последиците на инфекција со коронавирусот.
„Стапката на смртност од вкупниот број новозаразени е најмалку еден процент, на секои сто заразени умира еден како последица од ковид. Тоа се претежно постари лица. А тоа можеме да го очекуваме за следните околу две недели“,
изјави Павиќ-Шиметин.
Претходно денеска хрватските медиуми, повикувајќи се на неофицијални информации, објавија дека денеска има повеќе од 4 400 новозаразени, што е значително зголемување во однос на претходниот ден, кога имаше 3 360, а во вторникот пред две недели имаше само 1 007 позитивни на коронавирусот.
Се проценува дека бројот на активни инфекции е зголемен на 17 944, од кои 1 170 пациенти се хоспитализирани, а дури 139 се на респиратор.
Поради драматичниот раст на бројот на заразени во Хрватска, повторно има редиците за тестирање, а интересот за вакцинација е малку зголемен, јавуваат хрватските медиуми.