Во Хрватска денеска повторно е регистриран рекорден број од 358 новозаразени со коронавирус за 24 часа, објави Националниот штаб на прес-конференција.
„Имаме 358 нови случаи. Активни се 2 352. Добрата вест е што во изминатите 24 часа немаме нови случаи на починати лица“,
рече министерот за здравство Вили Берош.
Тој додаде дека добиле нов предлог за мерки за неколку жаришта во Сплитско-далматинската Жупанија каде што има најголем пораст на новозаразени, два дома за стари лица во Сплит, како и натпревари на кои не се почитуваат мерките.
Некои од мерките предвидуваат и целосен карантин.
Во Хрватска од почетокот на пандемијата се регистрирани 8 888 случаи со ковид-19, од кои 175 починаа.