Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 4 159 нови случаи со ковид-19 со што бројот на активни случаи во оваа земја се искачи на околу 32 000.
Од активните, 1 848 се лекуваат во болница, а 248 пациенти се на респиратор.

Во изминатото деноноќие регистрирани се и 50 смртни случаи, што, како што јавува порталот „Индекс“, а највисок број на починати во овој бран на коронавирусот.
Вчера, хрватските власти регистрираа рекорден број на новозаразени од почетокот на пандемијата – 7 094.