Потрагата за спортскиот авион со четири патници, кој исчезна вчера претпладне, траеше цела ноќ и во неа се вклучени голем број припадници на ХГСС, полицијата и цивилната заштита, а од утринава се вклучија повеќе луѓе, меѓу кои и ловци и локални жители
Малиот спортски авион со четири патници, кој вчера претпладне исчезна од радарите по полетувањето од Сплит, се уште не е пронајден.
„За жал, авионот сè уште не е пронајден, продолжуваме со потрагата, на терен има над 200 луѓе, ХГСС, полиција, војска, ловци… Ја стеснивме областа, но видливоста и можноста да се најде беше многу мала“,
изјави утрово за Н1 е првиот човек на Хрватската планинска спасувачка служба Јосип Граниќ.
Тие се наоѓаат на неколку километри од Слуњ, во селото Броќанац и се фокусирани на државниот пат Д1 и областа западно од него.
„Тука почнуваат првите ридови од овде до Велебит, теренот тешко се движи, дополнителен проблем е дожд, магла, се е влажно, лизгаво, меко, тешко за луѓе и автомобили, теренот дефинитивно не е добар за нас. Беспилотните летала ноќеска летаа до 3:30-4 часот наутро, имаше магла и ништо не се гледаше, ниту термалните камери можеа да снимат нешто“,
изјави началникот на ХГСС.
Хеликоптерот не полетал бидејќи временските услови биле лоши велат од Службата и изразуваат надеж на подобро време во текот на денот.
Покрај припадниците на ХГСС, во потрагата се вклучени и полицијата и припадниците на цивилната заштита, ловџии и локалното население.
ХГСС на својата фејсбук-страница објави фотографии од акцијата.




Вчера во 11:25 часот од радарот на хрватските служби за воздухопловна навигација во поширокото подрачје на Слуњ исчезна авион „цесна 182“. Авионот летал од Сплит за Германија.
Во авионот имало четири лица. Пилотот е Швајцарец, двајца патници имаат германско државјанство и еден хрватски.
Во потрагата се вклучени голем број припадници на ХГСС, полиција и цивилна заштита. Потрагата траеше цела ноќ, а утринава се вклучија повеќе луѓе, меѓу кои и ловци и локални жители.
Видливоста е слаба, на теренот има магла, а врне и утрово.
[Potraga zrakoplova Cessna✈️]
— Ravnateljstvo civilne zaštite MUP-RH (@RavnateljstvoCZ) May 30, 2022
➡️ Potraga za nestalim zrakoplovom Cessna, unatoč teškim vremenskim uvjetima, trajala je i ovu noć, od jutra je intenzivirana, uključeno preko 350 pripadnika @RavnateljstvoCZ , policije, HGSS-a, vatrogasaca i lovaca
?https://t.co/R0j2L8pHfZ pic.twitter.com/UhPYuChgTl