Хрватска ќе ја зголеми помошта за пријателскиот украински народ и ќе обезбеди дополнителни 100 милиони евра како дел од иницијативата Global Citizen Impact за помош и грижа за украинските бегалци, објави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
„Додека руската брутална агресија против Украина продолжува, би сакале да ја изразиме нашата поддршка и солидарност со украинскиот народ. Хрватска ветува дополнителни 100 милиони евра помош за украинските бегалци, на кои ќе им треба прием во нашата земја“,
напиша Пленковиќ на Твитер.
Според најновите податоци, во Хрватска досега има повеќе од 12 600 украински бегалци