Во последните 24 часа во Хрватска регистрирани се 4 135 нови случаи на ковид-19, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 25 270. Меѓу нив, 2 792 пациенти се во болница, од кои 295 се на апарати за дишење. Во последното деноноќие од компликации со ковид-19 починаа 78 лица.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на коронавирус во Хрватска, до денеска се евидентирани вкупно 172 523 лица заразени со новиот вирус, од кои 2 562 починале, вкупно 144 691 оздравеле, од кои 3 793 во последните 24 часа.
