Од 6 септември, пак, за патниците од Северна Македонија нема да биде доволен доказот за вакцинација. За влез во Холандија ќе мора да приложат и негативен ПЦР-тест, не постар од 48 часа пред поаѓање или брз антигенски тест, не постар од 24 часа
Холандија од утре ја става Северна Македонија на листата на земји со висок ризик.
Патниците од Северна Македонија, кои се целосно вакцинирани, од утре ќе можат и понатаму да влезат во Холандија, но ќе треба да го почитуваат и правилото за задолжителниот карантин од десет дена.
Од 6 септември, пак, за патниците од Северна Македонија нема да биде доволен доказот за вакцинација. За влез во Холандија ќе мора да приложат и негативен ПЦР-тест, не постар од 48 часа пред поаѓање или брз антигенски тест, не постар од 24 часа.
Во оваа група на земји од висок ризик спаѓаат и Косово и Црна Гора.