Вчера и македонското Министерство за надворешни работи протера пет руски дипломати од земјава поради тоа што извршувале активности кои се во спротивност на Виенската конвенција за дипломатски односи
Поради наводно шпионирање и претставување закана за безбедноста, Белгија протерува 21 руски дипломат, соопшти Министерството за надворешни работи.
Руските дипломати кои се протерани од Белгија се од амбасадата на Москва во Брисел и конзулатот во Антверпен.
„Сите тие беа акредитирани како дипломати, но работеа на операции за шпионирање и влијание“,
изјави портпаролот на Министерството.
Покрај Белгија, и Холандија денеска протера 17 руски разузнавачи кои беа акредитирани како дипломати, врз основа на информации од сопствените безбедносни служби, соопшти холандското МНР.
Вчера, и македонското Министерство за надворешни работи соопшти оти протерува пет руски дипломати од земјава поради тоа што извршувале активности кои се во спротивност на Виенската конвенција за дипломатски односи.
Ова во рамките на Министерството за надворешни работи вчера му било соопштено на амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава.