На протестниот марш во Амстердам им се придружија илјадници граѓани, кои танцуваа зад конвој камиони со диџеи и звучни системи
Илјадници Холанѓани, вклучувајќи музичари и организатори на фестивали, денеска протестираа во неколку градови против ограничувањата воведени поради состојбата со коронавирусот, како резултат на што се откажани бројни музички настани.
Демонстрантите во шест града порачаа дека ограничувањата не се фер кон музичката индустрија.
На протестниот марш во Амстердам им се придружија илјадници граѓани, кои танцуваа зад конвој камиони со диџеи и звучни системи.

Еден од демонстрантите ја спореди фестивалската индустрија со несакано дете, наведувајќи дека излегува дека сите сектори на економијата се важни, освен тоа.
Холандската Влада забрани организација на масовни настани како што е фестивалот до 19 септември, плашејќи се од ширење на многу заразната делта варијанта вирусот.
Дозволено е само организирање на еднодневни настани, со присуство на најмногу 750 луѓе, кои мора да се вакцинираат, да бидат негативни на коронавирус или да се излечат од инфекцијата во последните шест месеци.
Организаторите на денешните протести бараат владата да ја укине забраната на 1 септември.