Генералниот секретар на Беса наведува за Алсат дека целта на неговата партија е да ја дефакторизира ДУИ, додека за Заев вели дека е еден од луѓето што најмногу се жртвуваше на патувањето на С Македонија во евро-атлантските процеси. Тој изјави дека, ако во четврток не успеат да и изгласаат недоверба на Владата, тогаш Беса ќе излезе од владејачката коалаиција
Тројцата пратеници на Беса ќе гласаат за недоверба на Владата в четврток, а ако тогаш не успеат да ја урнат ќе излезат од владејачката коалиција, според генералниот секретар на партијата и министер за земјоделство, Аријанит Хоџа. Во емисијата „200“ на Алсат, тој наведува дека нивниот проблем не е СДСМ, туку дека целта на Беса е да ја тргне власта од рацете на ДУИ.
„Во рушењето на Владата, во чекорот што е депониран во Собранието, ќе учествуваат нашите пратеници. Што ќе биде потоа одлучуваат партиските органи. Не ги затворам опциите дека во иднина ќе можеме да разговараме со СДСМ, ниту со премиерот Зоран Заев, за кој морам да кажам дека е еден од луѓето што најмногу се жртвуваше на патувањето на Северна Македонија во евро-атлантските процеси“
рече Хоџа.
Партиите кои ја потпишаа иницијативата за недоверба на Владата не разговарале што понатаму, како што вели Хоџа.
„Едноставно, заеднички интерес е рушење на Владата. Ние да ги дефакторизираме ДУИ, а тие да ја урнат власта. Тоа е првиот чекор што треба да го направиме. Како ќе се преземат следните чекори, дали ќе има нов мандатар кој ќе дојде да не контактира за да разговараме во широки рамки за принципите како ќе функционира Владата, дали ќе има техничка влада или ќе има брзи избори. е прашање за кое ќе се разговара по четврток, кога ќе има гласање за недоверба“
вели Хоџа.
Тој вели дека, ако во четврток не успеат да и изгласаат недоверба на Владата, тогаш Беса ќе излезе од владејачката коалаиција.