Во последните четири години научивме многу за нашиот систем на управување со претседател кој ја презира демократијата, вели поранешната државна секретарка на САД
Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, се сомнева дека досегашниот американски претседател Доналд Трамп разговарал со рускиот претседател Владимир Путин пред немирите во Вашингтон.
Сомневањата ги изнесе во нејзиниот разговор со претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на поткастот „Tи и јас двајцата“.
„Во последните четири години научивме многу за нашиот систем на управување со претседател кој ја презира демократијата“,
рече Хилари Кинтон.
Таа истакна дека би сакала да слушне снимки од телефонските разговори на Трамп за да открие дали тој разговарал со Путин на денот на упадот во Капитол.
Клинтон ја даде изјавата откако Пелоси рече дека немирите на 6 јануари во Вашингтон се подарок за Путин.
Клинтон најави формирање специјална комисија во Конгресот за испитување на можните врски меѓу Трамп и Путин.
„Истрага е потребна за да помогне во санирање на штетата врз националната безбедност и да се спречи можност ‘марионета’ повторно да стане претседател на САД“,
оцени Хилари Клинтон.