„Капацитетите ни се огромни и продолжуваат да растат, како и капацитетите на нашите израелски партнери. Резерви на муниција се целосно пополнети“, вели американскиот министер за одбрана
Соединетите Американски Држави (САД) немаат недостиг на муниција за да ја спроведат својата кампања против Иран, а воената операција напредува решително. Ова го соопшти американскиот министер за одбрана Пит Хегсет во обраќање до медиумите од седиштето на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) во Тампа, Флорида, која е задолжена за воените операции на Блискиот Исток, пренесува Ројтерс.
Со тоа, тој ги отфрли загриженостите дека американската војска со голема брзина троши пресретнувачи и други ракети.

„Нашите резерви од одбранбено и офанзивно оружје ни овозможуваат да ја продолжиме оваа кампања колку што е потребно. Иран се надева дека нема да можеме да го продолжиме ова долго, што е многу лоша проценка“,
рече Хегсет од Централната команда на САД.
Посочи дека резервите на муниција само се зголемуваат како што се расте предноста на терен.
„Капацитетите ни се огромни и продолжуваат да растат, како и капацитетите на нашите израелски партнери. Резерви на муниција се целосно пополнети“,
вели американскиот министер за одбрана.
"WE HAVE ONLY JUST BEGUN TO FIGHT, AND FIGHT DECISIVELY"
— The Will Cain Show (@WillCainShow) March 5, 2026
🚨BREAKING: Secretary of War Pete Hegseth gives update on Operation Epic Fury. pic.twitter.com/3AtwpSeutO
Според него, конфликтот со Иран е во почетна фаза.
„Тукушто ја започнавме борбата и ќе се бориме решително“,
додаде тој.
Американските резерви на муниција, како што рече министерот, се класифицирана информација.
Сепак, воените експерти предупредуваат дека САД ги трошат некои од своите најскапи и технолошки најнапредни оружја, како што се ракетите „томахавк“ и пресретнувачите „патриот ПАК-3“.
Командантот на ЦЕНТКОМ, адмиралот Бред Купер рече дека американските сили за 72 часа погодиле речиси 200 цели во Иран, вклучително и околу Техеран.
Според него, уништени или потонати се 30 ирански брода.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека САД имаат високо ниво резерви на муниција, додавајќи дека сепак не се таму каде што сакаат да бидат кога станува збор за најнапредната категорија на такво оружје.
