Претседателот на Косово, Хашим Тачи, пристигна во седиштето на Специјалното обвинителство во Хаг за да биде сослушан од обвинителите. Пред зградата на институцијата го дочекаа неколку десетици Албанци кои протестираат против обвинението за воени злосторства против него и против лидерот на ПДК, Кадри Весељи.
„Јас сум тука денес да го почитувам тоа за што сонував и се борев. Слободно и независно Косово, засновано врз еднакви права, мултиетничко општество и владеење на правото. Подготвен сум да се соочам со новиот предизвик и да победам за мојот син, моето семејство, мојот народ и мојата држава. Никој не може да ја преработи историјата. Ова е цената за слободата. Јас верувам во мир, вистина и правда. Верувам во дијалог и добри односи со сите наши соседи. Косово е успешна историја и јас сум многу горд. Дестинацијата на Косово е членство во ЕУ, НАТО и трајно пријателство со САД“,
рече Тачи пред седиштето на Специјалниот суд во Хаг