Во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“, експертот по стратешки комуникации и координатор за Западен Балкан во Институтот за стратешки дијалог со седиште во Лондон, Емир Хасановиќ, истакна дека комуникацијата на ЕУ во земјава мора да биде поприземјена со цел да биде поблиска до секојдневието на граѓаните.
„Најавените 30 милијарди евра за регионот претставуваат инвестиции во инфраструктура, енергија и работи кои се дел од нашето секојдневние. Тоа не добива медиумско влијание, како што беше, на пример, информацијата дека во рамките на ‘Отворен Балкан’ камионите полесно ќе циркулираат преку граница. Кога затаи КОВАКС-механизмот, донациите кои ги добивме од Србија го дефокусираа нашето внимание од суштинските реформи и поддршката на ЕУ. Унијата мора да го подобри својот механизам на делување и да не си дозволува каприци, во услови кога има заложба од толку пари за држави кои имаат БДП кој е далеку помал од сето тоа. Потребно е да се комуницира, тој наратив да се врзе со конкретни проекти и тие да бидат објаснети ефективно на граѓаните и да бидат исполнети“,
смета Хасановиќ.