Познатиот филмски продуцент Харви Вајнстајн доби 23 години затворска казна поради силување и сексуално злоупотребување.
Пресудата беше донесена во судот во Менхетен, а поротата го прогласи за виновен по две точки од обвинението.
„Силување во 2013 година и принуда на орален секс во 2006 година“,
информираат американските медиуми.
Неговата вина не е докажана во уште еден случај, а обвинителите побараа максимална казна од 29 години затвор.
На прогласувањето на казната, 67-годишнот продуцент го донесоа во инвалидска количка. Адвокатите на Вајнстајн бараа поблага казна од пет години. Потенцираа дека поради здравствената состојба на нивниот клиент, дури и петгодишна казна затвор може да биде доживотна.
Скандалите околу Вајнстајн во јавноста излегоа летото 2017 година, кога неколку актерки изјавија дека во текот на неколку години продуцентот, злоупотребувајќи ја својата службена положба, ги принудувал на полови односи со него.
Веднаш потоа околу 80 жени излегоа се жалби за сексуално вознемирување сторено од Вајнстајн, меѓу кои и Анџелина Џоли, Гвинет Полтроу и Ума Турман.
Скандалот околу продуцентот го поттикна движењето „#MeToo“ во САД, кое стана меѓународно, по што се открија повеќе случаи на сексуална злоупотреба во САД од страна на десетици познати лица како доктори, политичари и глумци, и други лица од шоу бизнисот, музиката и модата.