Црвениот крст ќе го преземе телото од Хамас и ќе го предаде на припадниците на израелските одбранбени сили во Газа

ФОТО: EPA/HAITHAM IMAD
Милитантната група Хамас објави дека вечерва ќе го предаде телото на еден од заложниците, без да го открие неговиот идентитет.
Во соопштението, вооруженото крило на Хамас вели дека е пронајдено ново тело и дека ќе биде предадено после полноќ.
Според соопштението, Црвениот крст ќе го преземе телото од Хамас и ќе го предаде на припадниците на израелските одбранбени сили во Газа, објавува „Тајмс оф Израел“.
После тоа, телото ќе биде испратено во израелскиот институт за судска медицина „Абу Кабир“ во Тел Авив за идентификација.
Израел вели дека примил девет од 28-те тела на заложниците од Газа, а Хамас изјави, наведувајќи технички тешкотии, дека му е потребна тешка механизација и опрема за ископ за да се забрза процесот на лоцирање на телата закопани под урнатините.
Израел, инсистирајќи дека Хамас знае каде се телата на заложниците, изјави дека на групата ѝ истекува времето. Хамас соопшти дека останува посветен на договорот за прекин на огнот и предавањето на преостанатите тела.