За можните решенија на конфликтот би требало да се водат директни разговори помеѓу катарскиот премиер, египетскиот претседател и со претставници на Хамас и други палестински групи
Делегација на движењето Хамас која се наоѓа во Египет и води разговори за постигнување на решенија за крај на конфликтот со Израел, на маса доби нов предлог-договор за прекин на огнот во Појасот Газа. Според неофицијални информации, текстот на предлогот е речиси идентичен со понудата која Хамас претходно ја доби од САД, а кој предвидува шеесетдневно примирје и ослободување на израелските заложници во две фази.

Предлогот до Хамас бил доставен од египетски и катарски посредници, а според одредени извори, средбата не донела суштински напредок во преговорите, поради што катарскиот премиер, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани денеска ќе пристигне во Египет, каде ќе оствари средба со претставници на Хамас и претседателот на Египет, Абдел Фатах ал Сиси.