Премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, минатата недела најави дека Хаќим Рамадани ќе биде разрешен од функцијата поради неговите изјави дадени при посетата на дијаспората
Досегашниот директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Општина Брвеница, Хаќим Рамадани, кој вчера ги загуби изборите од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски, на својот фејсбук-профил објави дека од денеска е невработен и бара работа само во приватни компании.

„Од денеска сум невработен. Јас сум дипломиран економист. Барам работа само во приватни компании“,
напиша тој на Фејсбук.
Премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, минатата недела најави дека Хаќим Рамадани ќе биде разрешен од функцијата поради неговите изјави дадени при посета на дијаспората.
Таму Рамадани изјавуваше дека мора да ја добие изборната трка во Брвеница само затоа што е Албанец.
„Откако прво ќе ги изгуби изборите во Брвеница, нормално, ќе биде разрешен од позицијата што ја извршува во овој момент“,
рече Мицкоски.
Како што рече тогаш премиерот, овие изјави на Рамадани претставуваат голема грешка, пред сè за кандидатите за градоначалници од ВЛЕН.
