Прашан дали нивното повлекување го доведува во прашање легитимитетот на процесот, в.д. шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје одговори дека му било мило што кога се објавил огласот конкурирале и Фетаи и Рустеми, бидејќи „треба да има конкуренција и да се избере најдобриот“, но нивното повлекување го погодило бидејќи ниту било најавено, ниту имало причина, ниту, пак, било разговарано за причините во однос на нивното повлекување
За наводите во медиумите дека тој лично е близок до ДУИ, Хајрулахи рече дека „за жал, во општеството секој добива етиката“ и дека не знае од кои причини се појавуваат информации дека е близок со таа политичка партија
В.д. шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, вели дека не знае и не верува оти политички притисок може да стои зад одлуките на обвинителите Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми да се повлечат од трката за нов шеф на ова обвинителство.
Во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, Хајрулахи рече дека со нив разговара како со колеги, а дента кога Фетаи пратила меил до Советот на јавни обвинители со кој ги известила за повлекувањето, му пратила порака и нему за да му потврди дека се повлекува.

360 степени: Вие сте колеги со нив, бидејќи сте им шеф на Фетаи и на Рустеми, не ли зборувате меѓу себе за оваа постапка на избор?
Хајрулахи: Зборуваме на кафе муабет, зборуваме онака како колеги, без натегања и без, не дај боже, расправии во однос на кандидатурата.
По повлекувањето на Фетаи и Рустеми, Хајрулахи остана единствен кандидат за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, позиција на која беше првично назначен во 2018 година.
На прашање дали е можно нивното повлекување да има политичка позадина, Хајрулахи вели дека не верува и не би требало да има таква позадина. Вели дека никогаш не се отворила темата и никогаш не зборувале зошто тие се повлекле и додава дека би било непрофесионално и неетички да ги праша зошто се повлекле.
„На крајот на краиштата, тоа се нивни одлуки, лични одлуки и јас не би се впуштал во тоа да коментирам нечии лични одлуки“,
рече Хајрулахи.
Прашан дали нивното повлекување го доведува во прашање легитимитетот на процесот, тој одговори дека му било мило што кога се објавил огласот конкурирале и Фетаи и Рустеми, бидејќи „треба да има конкуренција и да се избере најдобриот“, но нивното повлекување го погодило бидејќи ниту било најавено, ниту имало причина, ниту, пак, било разговарано за причините во однос на нивното повлекување.
За наводите во медиумите дека тој лично е близок до ДУИ, Хајрулахи рече дека „за жал, во општеството секој добива етиката“ и дека не знае од кои причини се појавуваат информации дека е близок со таа политичка партија.
„Навистина не можам да сфатам, читам по порталите, читам и по медиумите дека сум бил близок со ДУИ. Нека докажат, нека потврдат дека јас, навистина, сум близок со ДУИ“,
вели Хајрулахи.
Хајрулахи не сакаше да коментира дали повлекувањето на двајцата негови колеги можеби е поради тоа што не сакале да бидат спотери во трка чиј победник се знае однапред, велејќи дека не сака да прејудицира одлуки на Советот на јавни обвинители.