Хајдај посочува и дека е уништена важна инфраструктура во Северодонецк

Двајца цивили се убиени, а петмина ранети во гранатирање на Северодонецк, во чии периферни делови напредуваат руските воени сили, соопшти регионалниот гувернер на Луганск, Серхиј Хајдај.
Тој на Телеграм напиша дека загинатите подготвувале храна во својот дома кога одеднаш започнало гранатирањето.
„Непријателот го распредели целото можно оружје, вклучувајќи и авијација. Меѓутоа, нашата војска е цврста во ставот да не дозволи непријателот да влезе подлабоко во нашата земја“,
напиша Хајдај.
Тој додава дека соседниот град Лисичанск останува под украинска контрола, а од градот се спроведува евакуација на населението.
Хајдај посочува и дека е уништена важна инфраструктура во Северодонецк, а во градот нема ниту гас ниту вода и струја, пренесе Би-би-си.
Според него, со недостиг на вода се соочуваат милион луѓе ширум целиот регион на Луганск.