Тој упати апел до сите да избегнат каква било понатамошна интернационализација на конфликтот, без експлицитно да ја спомене администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп или Соединетите Американски Држави (САД) кои сè во фокусот на светската јавноста поради наводите дека е можно да го нападнат Иран
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска изјави дека се спротивставува на понатамошни напади во израелско-иранскиот конфликт и оти се залага за дипломатско решение, пренесоа светските медиуми.

„Секоја дополнителна воена интервенција би можела да има огромни последици, не само за вклучените страни, туку и за целиот регион, како и за меѓународниот мир и безбедност во целина“,
рече Гутереш во Њујорк.
Тој додаде оти силно апелира до сите да избегнат каква било понатамошна интернационализација на конфликтот, без експлицитно да ја спомене администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп или Соединетите Американски Држави (САД).
Американскиот претседател, денеска на брифинг со новинарите пред Белата куќа избегна директно да одговори на прашањата дали Соединетите Американски Држави планираат да се приклучат на израелската офанзива и да го нападнат Иран или нуклеарните постројќи на земјата.
Прашан дали ќе нареди напад на САД врз Иран, Трамп рече дека можеби ќе го стори тоа, а можеби и не.
Генералниот секретар на ОН го повтори својот повик за итна деескалација, која, како што кажаа треба да доведе до прекин на огнот.
„Дипломатијата останува најдобриот и единствен начин за решавање на загриженоста за нуклеарната програма на Иран и регионалните безбедносни прашања“,
рече Гутереш.
Британскиот весник „Гардијан“ пренесе дека в петок ќе се состане Советот за безбедност на Обединетите нации за да разговара за тековниот конфликт меѓу Израел и Иран.
Ова, како што наведува весникот, го соопштила јужноамериканската држава Гвајана, која е актуелен претседавач со Советот за безбедност на ОН.
Седницата била побарана од Иран, со поддршка од Русија, Кина и Пакистан, изјавил неименуван дипломат за агенцијата Франс прес.