Освен мрежата на НАТО, цел на рускиот кибернапад биле и мрежите на војските на некои источноевропски земји, но Гугл во извештајот не наведува кои армии биле цел на нападот
Руски хакери неодамна се обиделе да навлезат во мрежите на НАТО, како и на војските на некои источноевропски земји, се вели во извештајот објавен во средата на Групата за анализа на закани на Гугл, пренесе Еуроњуз.
Гугл во извештајот не наведува кои армии биле цел на нападот, но се посочува дека кибернападот го извршила групата „Колдрајвер“ или „Калисто“, чие седиште е во Русија.
Русија, која сега е под тешки економски санкции од Западот по нејзината одлука да ја нападне Украина на 24 февруари, редовно ги негира обвинувањата за зголемени кибернапади врз западни цели.
Во соопштението, НАТО не се осврнува директно на извештајот на Гулг, но рече: „Гледаме злонамерни киберактивности на дневна основа“.