Саакашвили, кој беше осуден во отсуство во Грузија во 2018 година за злоупотреба на власта и прикривање докази додека беше претседател, по неколку години, тајно се врати во Грузија пред општинските избори минатиот викенд и беше уапсен во петокот
Стотици Грузијци се собраа денеска за да побараат ослободување на поранешниот претседател Михаил Саакашвили, кој штрајкува со глад, откако беше уапсен минатата недела, по враќањето од егзил и повика на постизборни протести.
Саакашвили, кој беше осуден во отсуство во Грузија во 2018 година за злоупотреба на власта и прикривање докази додека беше претседател, по неколку години, тајно се врати во Грузија пред општинските избори минатиот викенд и беше уапсен во петокот, објави Ројтерс.

Не е сосема јасно како 53 -годишниот Саакашвили дојде во Грузија, а обвинителството покрена обвинение против двајца мажи кои го одведле на 29 септември, од грузиското пристаниште Поти во село.
Саакашвили планира да го продолжи штрајкот со глад што го објави пред апсењето, објави агенцијата Тасс.

Грузискиот претседател и Владата во своите настапи и изјави јасно дадоа до знаење дека немаат намера да го помилуваат или ослободат.
Некои од неговите поддржувачи од партијата Обединето национално движење, чиј основач е тој, се собраа денеска пред затворот во градот Рустави, југоисточно од главниот град.