ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе освојат приближен број гласови, а за тоа кој ќе формира влада одлучувачки ќе бидат оние на ДУИ, рече Артан Груби вечерва во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21.
Во врска со предлогот за премиер. Груби рече дека, гледајќи ја несериозноста на двајцата кандидати, очекуваат голем број граѓани да гласаат за нивниот предлог, односно за првиот премиер Албанец.
Тој рече дека идниот премиер Албанец ќе биде избран заедно со опозициските албански партии, по примерот на Талат Џафери кга беше избран за претседател на Собранието. Но рече дека за нивниот кандидат ќе гласаат и етнички Македонци, бидејќи како што кажа, тој ќе донесе рамномерен развој на цела држава и едно општество за сите, а не како досега, како што вели тој, општество за една партија.
