Говор имаше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој нагласи дека во изминатите 20 години се инвестирало во едуцирање кадар со цел Албанците да може да се занимаваат со работа, програми и проекти
Во рамки на предизборната кампања за локалните избори, ДУИ, вечерва организираше партиски активности во Велес, каде партијата учествува со кандидатска листа за советници предводена од Невзат Муареми. Обраќајќи се пред жителите на Бузалково, велешко, Артан Груби побара обединетост и испрати порака дека ДУИ ја има најдобрата понуда и кога тие одлучуваат, носат добри одлуки и за Албанците и за сите други.

„Ви посакувам да бидете што е можно пообединети и да го побарате гласот од сите. Не двоумете се да тропнете на вратата на бошњачката заедница, македонската заедница, ромската заедница и турската заедница, побарајте од сите што ги познавате да гласаат, затоа што понудата на ДУИ е најдобра. Кога ние сме носители на одлуки, одлучуваме добро не само за Албанците, одлучуваме добро за сите. Кога станавме одлучувачи, ја однесовме земјата во НАТО, кога станавме одлучувачи донесовме јазична еднаквост, кога станавме одлучувачи, сите победија од фактот дека ДУИ стана одлучувач кој ќе биде во централната власт, а кој во локалната власт. Затоа, јас сум убеден дека сите вие заедно, со сите оние што не се овде денес со нас, ќе гласате за Невзат и ќе испратите советник Албанец до Советот на општина Велес, со цел да ги води процесите за ваше добро. Ќе продолжиме многу повеќе да го факторизираме Албанецот во Велес, да се врати во корените, да гласа за ДУИ и да стане покорисен за себе“,
рече Груби во својот говор.
Говор имаше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој нагласи дека во изминатите 20 години се инвестирало во едуцирање кадар со цел Албанците да може да се занимаваат со работа, програми и проекти.

„Има многу проекти, проекти кои ќе се реализираат преку кадарот што ќе победи на овие избори за градоначалници, кои ќе ја спроведат програмата со која ќе излезат и ќе им ветат на граѓаните. Сега излеговме со зелената агенда затоа што сметаме дека нормативниот дел од Охридскиот Договор е завршен, останува да се материјализираат прашањата, како што е законот за албанскиот јазик кој е официјален јазик, но има простор за негово унапредување и за тоа веќе се воспоставени релевантни институции и тие мора да бидат одговорни за имплементацијата на јазикот. Ние како легислатив ја завршивме нашата работа, органите задолжени за имплементација мора да ја завршат својата работа. Проценивме дека е потреба на времето, и кој друг би можел да го направи овој скок и да излезе со платформа толку модерна, колку и национална. Оваа агенда е агенда на животот“,
рече Ахмети.
ДУИ утре ќе ја продолжи кампањата во Студеничани каде ќе го претстави кандидатот за градоначалник, Ејуп Абази, и листата на советници за оваа општина.