Вицепремиерот откри и дека во последните неколку недели од оваа година, премиерот Зоран Заев ќе остане на својата функција
Вицепремиерот Артан Груби во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека покрај договорот помеѓу ДУИ и СДСМ 100 дена пред изборите да има премиер Албанец, за истото било разговарано и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Како што тврди Груби, токму Ахмети и Мицкоски зборувале на оваа тема.
„Договорот меѓу ДУИ и СДСМ е да има премиер Албанец 100 дена пред избори. Тоа е разговарано со Заев и Ахмети. Интересно е дека и Заев предвидел дека последните 100 денови на Владата ќе ги води премиер Албанец. За тоа е согласен и Димитар Ковачевски верувам. Е сега, да кажам дека и ВМРО-ДПМНЕ се согласни да има премиер Албанец. Тоа е разговарано меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Се мисли на последните 100 дена на оваа Влада. Лично за ова разговарале Ахмети и Мицкоски“,
изјави Груби.
Вицепремиерот откри и дека во последните неколку недели од оваа година, премиерот Зоран Заев ќе остане на својата функција, а неговото повлекување може да се очекува кон средината на јануари.
„Овие следни недели не, ќе треба да се заокружи овој процес и сметам дека во средина на јануари, можеби и подоцна, зависи и како ќе се постигне договорот со Бугарија, но не оваа година, според преговорите што ги имаме досега“,
порача Груби.