Пописот на населението во Северна Македонија било едно од централните теми на средбите на вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, со претседателот на Албанија, Илир Мета и со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.

Груби, како што соопштува неговиот кабинет, побарал од Мета и од Велиај, како влијателни личности, да упатат апел до Албанците од дијаспората, кои се државјани на Северна Македонија, да се регистрираат на пописот.
„Пописот е витален проект за Албанците во земјата и од дијаспората. Заедно со Мета упатуваме апел, дијаспората масовно да се регистрира, за да се знае точниот број на Албанци што живеат во Република Северна Македонија“,
се вели во соопштението по средбата со претседателот на Албанија, Илир Мета.

Слична е содржината и на информацијата за разговорите со градоначалникот на Тирана. Груби од него барал дел од да оддели време од својот ангажман и посветеност за Тирана и да испрати повик до дијаспората на Северна Македонија позитивно да одговори на пописот кој е во тек.
Велиај ја искористил средбата да апелира за регистрација на дијаспората бидејќи, како што нагласил, со таа постапка се исполнува морална и достоинствена обврска.