Тој и денеска, како и пред неколку дена, ја бранеше одлуката Рамиз Мерко повторно да биде кандидат на ДУИ за градоначалник на Струга
Сметаме дека со овие кандидати ќе бидеме апсолутни победници на локалните избори на 17 октомври оваа година, вели првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, говорејќи за предлозите на ДУИ.
Тој и денеска, како и пред неколку дена, ја бранеше одлуката Рамиз Мерко повторно да биде кандидат на ДУИ за градоначалник на Струга.
„Одлуката е правилна и донесена по големи неколкумесечни истражувања кои ги направивме во рамки на ДУИ. Направивме посебни анкети во сите градови, и тоа по 1 000 луѓе анкетирани во секој од овие градови. И ни покажуваат дека имињата кои ги претставивме вчера, всушност, се најподдржани од сите граѓани. Но, не само од една заедница, туку од сите заедници, вклучително и со примерот на Мерко. И затоа, следствено на тие резултати, донесовме таква одлука, која ќе треба дополнително да се потврди на седница на Централниот совет“,
рече Груби, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Државниот архив.
„Рамиз е добар градоначалник и за Македонците и за Албанците, и за Турците и за Ромите. На присутните им испратив порака од господинот Ахмети дека господинот Рамиз Мерко ќе биде кандидат за уште еден мандат во Струга на локалните избори за 17 октомври затоа што сме убедени со господинот Мерко ќе победиме и ќе продолжи успешното менаџирање со Струга, затоа што тоа го бараат и граѓаните“,
рече Груби пред неколку дена кога за првпат најави дека Мерко повтоно ќе биде нивен фаворит за Струга.